Најмалку пет лица загинаа, а десетмина се тешко повредени во руски ракетен напад врз Криви Рих, град во јужна Украина, кој е и роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинската служба за итна помош соопшти дека лекарите се борат за животите на ранетите, кои по нападот биле пренесени во болница. Според локалните власти, една од жртвите загинала во автомобил, кој бил погоден со проектил додека бил на улица.

Службите за итни случаи објавија фотографии од местото на нападот на кои се гледаат разурнувања и жртви, објави Киев Индипендент.

Фотографиите се МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ, на кои се гледаат тела и тешко ранети цивили.

Нападот се случи додека во регионот продолжуваат секојдневните руски ракетни и беспилотни напади врз цивилни цели, инфраструктура и станбени области низ Украина.

Самиот град Кривји Рих, родно место на Зеленски, неколку пати беше цел на напади на Русите, а последниот голем напад се случи во декември, кога беше погодена станбена зграда, а неколку цивили беа повредени.