Франсеск Фабрегас планира да го напушти Челзи во јануарскиот преоден рок.
Шпанскиот фудбалер призна дека не е задоволен од моменталната улога во тимот, бидејќи е резерва и многу ретко добива шанса за докажување од менаџерот Маурицио Сари.
Договорот на играчот со Челзи истекува на крајот на сезоната, а во оваа фаза двете страни не можат да постигнат договор за негово продолжување.
Поранешниот фудбалер на Барселона има понуда од Милан и е многу веројатно да ја продолжи кариерата токму кај „росонерите“. Монако, исто така, е заинтересиран за 31-годишниот халф.
– Ја знам мојата актуелна улога во Челзи. За жал, ова не е она што го сакам. Јас сум професионалец и секогаш се трудам да го давам најдоброто на што сум способен, прокоментира Цеск по вчерашниот пораз во мечот против Лестер, во кој настапи откако влезе од клупата во второто полувреме.