Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице.

Хуманитарниот натпревар е закажан со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, која според најавите, се очекува да биде максимално исполнета.

Дел од хуманитарниот натпревар во Скопје, како што е најавено, ќе бидат многу легендарни фудбалери на Вардар и Црвена ѕвезда, меѓу кои Илија Најдоски, Дарко Панчев, Драган Канатларовски, Станислав Караси, Владимир Петровиќ Бошко Ѓуровски, Здравко Боровница.

Натпреварот доаѓа еден месец по трагедијата предизвикана од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 повредени.

ФОТО: Фејсбук