Владимир РИСТОВ, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица

„Блескаме! Имотот на Комуналец под хипотека!
Денеска советот на Општина Струмица мораше да го стави под хипотека имотот на ЈПКД Комуналец за да се одблокира сметката на јавното претпријатието.
Сметката на претпријатието е блокирана за даночен долг. ЈПКД Комуналец има решение за присилна наплата на ДДВ во вредност од околу 5 и пол милиони денари.
Бидејќи Комуналец се наоѓа во незавидна финасиска состојба, за да се покрие динамиката на овој долг советот мораше да донесе одлука за ставање под залог на десетина објекти во сопственост на јавното претпријатие.
Насобраните долгови од лошото управување од страна на Општина Струмица го става менаџментот на сите јавните претпријатија во тешка ситуација, а претпријатијата секој месец се соочуваат со финансиски проблеми!
Потребни се промени во Струмица!“