Претседателот на Самостојниот синдикат Солидарност, Крешимир Север, вели дека цените во Хрватска постојано растат, дека за најскромната потрошувачка кошничка во Хрватска и покрај заштитените цени се потребни 122 евра, што е пет отсто повеќе од лани, а за вистинска празнична потрошувачка кошничка се потребни дури 435 евра.

Север посочува дека оваа празнична шопинг кошничка е недостижна за повеќето граѓани и додава дека за оние со помали примања дури 40 отсто од приходите одат за храна.

Тој објаснува дека просечното домаќинство во Хрватска троши околу 27 отсто од својот приход на храна, но дека за оние со пониски примања тој удел се зголемува до 40 отсто или повеќе.

фото: МИА архива