Експлозијата од (електронски) медиуми, но и социјалните мрежи, помогна многу нешта да ни бидат разјаснети, но и да создаваат заблуди кај граѓаните.

Една од тие заблуди, според мапата на Евробарометар, е дека постои лек за рак, но дека тој се крие. Македонија на оваа мапа е со црвена боја, во земјите со Албанија и Турција, како и со Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои најмногу веруваат дека „лекот за канцер го има, ама го кријат“.

Некогаш од желба да го има тоа што не постои, а е насушно потребно, но често и од сензационалистички пориви, „се откриваат“ лекови за болети пред тие да бидат навистина откриени.

И, читателите, гледачите или слушателите добиваат дози од „лекови кои постојат, ама ги кријат“.

На мапата може да се види колкав е процентот на граѓани кои веруваат дека „има лек, ама го кријат“ за сите европски земји. Најмал процент граѓани кои веруваат во тоа се од скандинавските земји.