По претходно објавени лажни информации дека Јанев Јорданчо – Дано забранил да му пишат казна на куварот во „Шалом“ кој возел под дејство на алкохол, тој доставил доказ до порталот „Либертас“ со што докажува дека наводната вест не е вистинита.

Инаку, куварот во ресторан „Шалом“ до „Либертас“ испрати докази дека не е ослободен од казната и дека немало никакви врски, туку тој уредно си ја платил казната.

Во продолжение оригиналната вест на „Либертас“ : https://libertas.mk/foto-ordancho-anev-dano-demantira-deka-brkal-vrski-za-kuvarot-i-dostavi-dokaz-deka-kaznata-a-platil/

Претходно пак, Јанев Јорданчо на својот официјален фејсбук профил објави дека информациите се лажни и доколку медиумот не ја повлече лажната вест и не се извини, ќе покрене правни средства и тужба.

„Медиумите имаат права, но и обврски. Дел од тие обврски е да известуваат точно и да лиферуваат проверени информации. Одговорно тврдам дека станува збор за лажна информација, и на никој начин ниту сум ургирал, ниту сум вршел било каков притисок, врз било кого да не се напише казна. А доказ е за тоа е што споменатото лице уредно ја платило казната, бидејќи без оглед на се и без оглед на било каква припадност и поврзаност законот мора да важи за сите. Ја разбирам и какафонијата во опозицијата која е и инспиратор на ваквите дезинформации и нивните стари навики за корупција, но ова е друго време. Доколку медиумот не ја повлече лажната вест и не се извини ќе покренам правни средства и тужба. Времето на корупција, лаги и врски завршува, а промените почнуваат од сите нас.“, објави Јанев Јорданчо.