Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги критикуваше анкетите кои покажуваат пад на неговиот рејтинг, нарекувајќи ги „лажни“ и наведувајќи дека треба да се „истражат“.

Во објава на својата мрежа TruthSocial, Трамп рече дека анкетата на Њујорк Тајмс, како и на Еј-Би-Си Њуз, Вашингтон Пост и Ипсос не анкетирала доволно од неговите гласачи, иако тој не дал докази за тоа тврдење, објави НБЦ Њус.

Тој рече дека оние што ги спровеле анкетите „треба да бидат под истрага за изборна измама“, наведувајќи дека тие се „негативни криминалци“ и „непријатели на народот“.