На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош. По прегледите и лекарските консултации, Вучиќ донесол одлука да се врати во Србија. Во текот на наредните денови кабинетот на претседателот би требало да ја информира јавноста за што точно се работи.
Танјуг утрово јави дека Вучиќ е веќе на пат за Белград.
Вучиќ во САД требаше да има средби со луѓе од врвот на Републиканската партија, како и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и со српски претприемачи од САД.