Владините политики за стабилизирање на економијата и за овозможување на подобри услови за развој на бизнисот даваат резултати.
Странските директни инвестиции се едни од клучните кои овозможуваат брз раст и развој на економијата, кои придонесуваат за намалување на невработеноста, како за раст на платите.
Македонија станува привлечна и сериозна дестинација за големите светски корпорации, кои размислуваат да ги прошират своите бизниси.
Мултинационалната корпорација Cavo Otomotiv изрази сериозна подготвеност за инвестиција на нова фабрика во ТИРЗ Скопје во износ од 25 милиони евра каде што ќе има 500 нови работни места.
Cavo Otomotiv е мултинационална корпорација основана во Турција, која работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.
Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.
Од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до сега имаше неколку инвестиции, така што минатата 2024 година заврши со рекордни над милијарда евра странски директни инвестиции.
Првата инвестиција е таа на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања со што се очекува со електрична енергија да се снабдат дури 100.000 македонски семејства. Германски-белгиската компанија „Епсотех“ во Петровец ќе изградат истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и ќе вработат 110 луѓе.
Германската компанија „BMZ Group“ започна со изградба на фабрика за производство на батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајлд“, компанијата „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, а „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра.
Во зоната во Кичево, пак, фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе, американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе ја прошири инвестицијата и ќе произведува сопирачки за шински возила.
Паралелно со досега реализираните инвестиции, продолжуваат преговорите со околу десетина странски компании за реализација на нови директни инвестиции.
Владата гради партнерски однос со странските инвеститори и ја покажуваат својата максимална посветеност за подобрувања на бизнис климата во Македонија и отворање на нови работни места за граѓаните.
Целта е, Македонија да биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, затоа што само така ќе раст и развој на економијата кои ќе донесат поголем БДП и со тоа и подобар живот за сите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ