Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека потпишал извршна наредба со која се воведува првата програма за „самоиницијативна депортација на илегалните имигранти“.
„Денеска потпишав Извршна наредба за почеток на првата програма за самодепортација во историјата. Илегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучувајќи ненадејна депортација, на место и на начин што исклучиво ние ќе го избереме“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.
Тој, исто така, нагласи дека сите илегални странци треба „веднаш да резервираат бесплатен лет“.
фото: архива