Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека нема да има напредок во мировните преговори за Украина сè додека лично не се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Аir Force One” непосредно пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата турнеја на Блискиот Исток.