Ако навистина биде лансиран во 2021 година како што е планирано, вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА ветува австрономска револуција.

Американската вселенска агенција се фали дека буквално „ќе може погледне назад во времето за да ги види првите галаксии што настанале во раниот Универзум“.

Научниците сега претпоставуваат дека конечниот наследник на светски познатиот вселенски телескоп Хабл, има благодарение на златното огледало со пречник од 6,5 метри и исклучително чувствителните камери – уште еден одличен талент.

ЈВСТ како што го нарекуваат, можеби ќе може да побара знаци на вонземски живот така што ќе открие дали тој живот се модофицирал атмосфери на планети кои кружат околу блиски ѕвезди.

Од Универзитетот во Вашингтон велат дека телескопот може да открие знаци на она што го нарекуваат „био-отисоци“ во атмосферите на планети кои кружат околу блиски ѕвезди.

– Би можеле да ги спроведеме тие надгледувања заради откривање живот за неколку години, вели еден од тимот истражиувачи.

Основата на таа потрага е во тоа што ЈВСТ е толку осетлив на светло што може да регистрира т.н. атмосферски хемиски неусогласености.