Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите ан медиумите на СДСМ и ДУИ, тој јасно нагласи дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање мигранти во Македонија. Ова го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

-Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но не, овде не се работи за тоа.

Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

Претходно Лонсон на социјалните мрежи објави за партнерството меѓу двете земји:

„Со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба на нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и продлабочување на трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада со влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, објави британскиот амбасадор во  Македонија, Метју Лосон

По средбата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер во Тирана, на која беше постигната согласност за договор за стратегиско партнерство помеѓу двете земји, британскиот амбасадор во  Македонија, Метју Лосон, најави дека договорот на ниво на влади ќе биде потпишан следната недела во Лондон.

„По клучната средба меѓу премиерот Кир Стармер и премиерот Христијан Мицкоски на денешниот самит на Европската политичка заедница во Тирана, со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба на нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и продлабочување на трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада со влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, најави Лосон во објава на официјалната фејсбук-страница на британската амбасада во Скопје.

За исходот од средбата Мицкоски-Стармер претходно денеска објави и владата на Обединетото Кралство. Во објавата на веб-страницата на британската влада се наведува дека со партнерството меѓу двете земји ќе се стави акцент на меѓусебните пријателски односи и дека ќе ја сигнализира намерата за поблиска соработка во однос на заедничките предизвици вклучувајќи ги економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста.