Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во наредните денови, информираа од УХМР, следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 41 литар на метар квадратен.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за наврнат воден талог  во изминатото деноноќие, до 8 часот се регистрирани  26 литри дожд во Охрид, 24 во Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, Маврови Анови, 14 Претор, Пожаране, 13 Штип, 11 Битола, Кавадарци, 10 Демир Капија, 9 Тетово, Попова Шапка, 6 Скопје-Петровец, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид.

Фото: МИА архива