Вицепремиерот Арбен Фетаи, од крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, во своето обраќање до членството порача дека нема враќање назад и оти нема да дозволат враќање на ДУИ „како ништо да не се случило“.

Според него, Алијансата останува верна на идеалите и патот, кој, како што рече, „никогаш не минува преку Али Ахмети“.

Фетаи ја осуди политиката на понижување и компромиси на сметка на достоинството на Албанците, потенцирајќи дека гласот на членството е јасен и упатен кон правда и чист пат.

Оставка денес поднесе и Салим Сулејмани од сите функции во партијата и од позицијата пратеник, нарекувајќи го приближувањето до ДУИ „недостоен компромис“.

Изет Меџити изјави дека ресорите од АА ќе останат во рамки на коалицијата ВЛЕН, и дека е во контакт со Фетаи, изразувајќи надеж дека тој ќе остане во Владата.