Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во образование, здравство, инфраструктура ќе се градат факултети, болници, железници

Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива.

На Филипче и на СДС му смета во Македонија да се инвестира, да се развива економијата, инфраструктурата, образованите, да се градат болници.

Филипче и СДС сакаат само за нив да има. Тие да бидат тие коишто ќе инвестираат во милионски бизниси по странски држави, за кои милионски инвестиции добиваат и златни визи.

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договор кој ќе овозможи инвестициски циклус со кој ќе се развива и трансформира државата.

Со договорот за стратешко партнерство на Македонија и се ставаат на располагање рамка од 6 милијарди евра со кои конечно, после долги години, ќе се гради брза пруга за патен и товарен сообраќај, дел од Коридорот 10 и за околу саат и пол ќе се стига до Солун.

После долги години ќе се изгради болницата во Кичево, ќе се заврши реконструкцијата на клиничката болница во Штип, а во склоп со нејзе ќе се изгради и нов медицински факултет и студентски дом кој ќе има капацитет за 200 кревети.

Исто така, ќе се реконструира и клиничката болница во Тетово.

И сето ова значи сериозни инвестиции и развој на економијата и државата, квалитетно здравство и здравствена услуга за граѓаните и достојни услови за работа на здравствениот персонал.

Оттука го прашуваме Филипче, воедно и како поранешен министер за здравство, зошто на него му смета и е против инвестиции и модернизација на здравството, и на државата воопшто.

Наместо да шират небулози, Филипче и СДС да одговорат, од кое е потеклото на неговата златна виза за Дубаи, дали таа е стекна со инвестиција од на 500 милиони долари и од каде му се парите?

СДС се тие кои за седум години владеење ја задолжуваа државата, а при тоа, парите завршуваа во приватни џебови, наместо за реализација на капитални инвестиции од кои корист би имале и граѓаните и државата.

За седум години власт, СДС ја остави државата во урнатини, со уништени и опљачкани институции, со осиромашени граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ