Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец, соопшти ДУИ.
Во продолжение целото соопштение на опозициската партија од Мала Речица која две децении на власт ги полнеше институциите со свои кадри:
Ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата.
ДУИ потсетува дека институциите се должни да ги одразуваат мултиетничкиот карактер и уставниот принцип на еднаква застапеност.
Наместо тоа, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме.
Очекуваме итна реакција од Владата и одговорност од оние кои со своето молчење или учество го овозможуваат ова враќање кон дискриминаторски практики.
Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата.
Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол и да ја вратиме правдата таму каде што ѝ е местото, кај сите граѓани, еднакво.
Демократска унија за интеграција