Премиерот на Малта, Роберт Абела, денес изјави дека земјата формално ќе ја признае Палестина како држава, по 45 години дебата.

Министерот за надворешни работи Иан Борг во саботата наговести за можноста Малта и група други земји формално да ја признаат Палестина за време на претстојната конференција на Обединетите нации во јуни.

Абела, исто така, рече дека Малта е подготвена да им понуди азил на преживеаните членови на семејството Ал Наџар, чии девет деца беа убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Малта“.

Според Агенцијата за цивилна одбрана на Газа, во воздушен напад врз градот Кан Јунис во петокот загинаа девет деца од исто семејство во домот на двајца лекари, Хамди ал-Наџар и неговата сопруга, Ала ал-Наџар, а Хамди и еден од нивните синови, Адам, беа тешко ранети во нападот.