Околу 43.000 луѓе останале без работа поради протестите на „Жолтите елеци“ кои во Франција државата почнаа на 17 ноември.
Според податоци на Министерството за економија на Франција, бројни компании претрпеле огромни штети поради протестите.
Без работа според Министерството, останале 43.000 луѓе со што на државата и е нанесена штета од околу 28 милиони евра.
Државната министерка за економски прашања изјави дека поради протестите за 25 отсто е намален прометот на стоки во трговијата. Во протестите загинаа 10 луѓе, приведени беа 4.341 додека повредени беа над илјада.