Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент (ЕП), не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување, иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во ЕП.
Од вистината не се бега, додава Николовски, и прашање на време е само кога ќе излезе на виделина, а како што нагласува, во европските институции полека излегува.
-Извештајот е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските гарѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот, туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе, вели Николовски во емисијата „Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”.
Годините на претходната Влада, потенцира, беа години на национално понижување, години кои никој не смее да ги заборави.
-Тие години треба да се потсетник и предупредување за да не ни се случат истите работи во годините пред нас, за да не ни се појават анационални ликови кои би имале клучни позици или би не воделе. Сега има Влада која е патриотски насочена и која ги брани националаните интереси, истакнува вицепремиерот Николоски.
Фото: принтскрин