Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува досега најголемиот предизвик во квалификацискиот циклус за Светското првенство, а тоа е натпреварот против Белгија.
На арената „Тодор Проески“ се очекуваат речиси полни трибини, па тоа треба да е мотив повеќе за избраниците на Благоја Милевски. Македонскиот селектор и колегата на спротивната клупа Руди Гарсија на околу час пред натпреварот ги отворија картите и стартните тимови.
Стартни состави за натпреварот Македонија – Белгија:
Македонија (3-5-2): Димитриевски; Муслиу, Зајков, Стојчевски; Алиоски, Атанасов, Барди, Костадинов, Илиевски; Елмас, Миовски.
Белгија: Селс; Дебаст, Фаес, Мение; Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Брјне, Салемакерс; Доку, Лукаку.
Македонија во пресрет на овој натпревар е пласирана на првата позиција во групата со четири бода, додека Белгијците првпат ќе заиграат во квалицикациите во Скопје.