Лидерот на СДСМ Венко Филипче добил полициско обезбедување, пренесе ТВ 24. Според информациите, двајца припадници на шестата управа од вчера го придружуваат првиот опозиционер.

Медиумот се обидел да добие одговор од лидерот на СДСМ дали имал закани, дали ги пријавил и на што се должи фактот што АНБ направила проценка дека му треба полициска придружба, но тој одби да одговори на прашањата.

„Не би коментирал на темава.“ – изјавил Венко Филипче-претседател на СДСМ.

Индикативно, но познавачите за Курир посочуваат дека полициското обезбедување Филипче го побара само неколку дена по инфомацијата на ИРЛ за негова вмешаност во аферата тешка 9 милиони евра со јагленот од  т.н. „Муртински триаголник“, во кој јагленот од Грција горел во Македонија, а парите завршувале на сметка на Вице Заев во Петрич, Бугарија. На истата адреса е и фирма на Филипче, кој вози џип Ауди Q8 вреден 180.000 евра, кој бил на фирмата Зобек, директно вмешана во аферата со јагленот на Вице.

Јавноста е во очекување на објаснување од лидерот на СДСМ, од што се плаши и чуму побарал и добил обезбедување. Исто како и за златната виза за Дубаи, за Онкологија, за модуларната болница, за вакцините од Кина…