Иранската армија соопшти дека соборила израелски борбен авион Ф-35 за време на синоќешната израелска воздушна офанзива врз Исламската Република, јави ДПА повикувајќи се на иранската државна телевизија.

Според иранските извештаи, авионот бил испорачан на Израел од западна држава. Пилотот успеал да се катапултира, но неговата судбина засега не е позната.

Израел сè уште не го коментирал тврдењето на иранската армија.

Иран претходно соопшти дека соборил неколку израелски авиони при вчерашните напади, тврдења што првично беа негирани од Израел.