ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Хераклеја Линкестис, Битола, одбележува 35 години од формирањето на партијата.

На настанот по повод роденденот на партијата, обраќање ќе има премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Одбележувањето е под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени”.