Јас сум мајка на едно прекрасно дете – Филип. Роден беше здрав, прав, насмеан… дете полно со љубов и живот. Сe беше во ред, се додека на четиригодишна возраст не забележавме дека нешто не е во ред со неговото око. Имаше страбизам и тивка борба која само што започна…
Поминавме низ многу прегледи, се обидувавме со очила, со терапија… но видот не се подобруваше. Напротив – сe повеќе се губеше.На 16 години, доживеавме уште еден удар: наеднаш му се намали видот за 50%. Консултиравме лекари и решивме да направиме операција на двете очи. Операцијата се случи пред четири години. Полни со надеж, верувавме дека ќе помогне.
Но, за жал… не беше успешна. 😔
Денес, видот на Филип е намален на само 25%.
Лекарите велат дека мора да се направи нова операција, и тоа итно – за да не дојде до целосно губење на видот.
Јас сум мајка. И како секоја мајка, би направила сe за своето дете. Но оваа борба веќе ја водиме предолго, и финансиски сме исцрпени. Затоа, од дното на моето срце ве молам – помогнете му на Филип.Да не дозволиме едно младо дете да го изгуби светот пред себе. Да му дадеме шанса да гледа, да учи, да живее без страв.
⏳Секој ден е важен. Секоја донација – без разлика колкава – значи надеж.Ве молам, донирајте. Споделете. Бидете дел од оваа борба. За Филип. За живот со вид.
🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно
🌐Заследете ја нашата инстаграм страница за да помогнеме на повеќе луѓе!