Министерството за комуникации на Иран денес објави дека земјата ќе воведе привремени ограничувања на пристапот до интернет.

Во соопштението се вели дека овој потег е преземен за да се спречи „непријателот да ги загрозува животите и имотот на граѓаните“, објави Ројтерс, повикувајќи се на иранските медиуми.

Израелско-иранскиот конфликт започна минатиот петок со израелски напад врз Иран, по што Техеран ја започна мисијата „Вистинско ветување 3“.