Напнатата ситуација на Блискиот Исток е опасна не само за регионот, туку и за целиот свет, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
-Проширувањето на бројот на учесници во конфликтот е потенцијално уште поопасно, тоа само ќе доведе до уште една рунда конфронтација и ескалација на тензиите во регионот, рече Песков во интервју за британскиот телевизиски канал Скај њуз.
Песков, исто така, нагласи дека медиумските извештаи дека САД би можеле да употребат тактичко нуклеарно оружје против Иран се шпекулации и дека таков развој на настаните би бил катастрофален.
Претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на брифинг изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп верува дека постои можност за дипломатски ангажман со Техеран околу неговата нуклеарна програма. Левит изјави дека Трамп ќе одлучи во рок од две недели дали САД ќе го нападнат Иран.
фото: МИА архива