Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Иран го гледа својот опстанок во сопствената нуклеарна програма и нема да се откаже од неа под никакви удари.
„Никакви удари нема да помогнат тука – 100 проценти. Техеран го гледа својот опстанок во својата нуклеарна програма. И ќе ја продолжи по секоја цена“, рече Медведев во објава на социјалната мрежа ВКонтакте.
Тој посочи дека и Иран и Израел треба заедно да се откажат од своите нуклеарни програми.
Меѓутоа, Медведев изрази увереност дека двете земји нема да го сторат тоа.