Огнен Стефановски стана првиот македонски атлетичар кој прескокнал со стап четири метри.
На Европското тимско првенство во Марибор, Стефановски оствари резултат од 4,05 метри и со тоа го собори државниот рекорд кој важеше од 1968 година и беше еден од најстарите во македонската атлетика.
Светскиот рекорд во скок со стап му припаѓа на Швеѓанецот Арманд Дуплантис, кој неодамна во Стокхолм прескокна 6,28 метри.
Дваесетгодишниот Стефановски, кој е член на скопскиот клуб Делта, е универзален атлетичар, па во Марибор настапува и во фрлање копје и на трката на 110 метри со пречки.