Актуелното раководство на ЕСМ секојдневно се бори да ја санира штетата и хаосот што го предизвика СДСМ со своето неодговорно „менаџирање“ во Компанијата. СДСМ се уништувачите на македонскиот енергетски систем. Нивните кадри на одговорните менаџерски позиции, оставија катастрофална пустош во АД ЕСМ после 7 години безмилосно несовесното работење и злоупотре на службената положба и овластувањата. И за тоа ќе одговараат виновниците од СДСМ, велат од АД ЕСМ.

Нивното соопштение прочитајте го во продолжение:

2 кривични пријави веќе се испроцесираа во конкретни обвинувања, други 10-на кривични пријави се во процес на обработка и нови 10-на се подготвуваат. Сите ќе ги стигне правдата, па и тој што избега од државата.

Заради тоа што ја доведоа Компанијата во финансиска и организациска бездна, преку нивните кадри кои:

 

  • ги оставија термо-капацитетите урнисани, со години запуштени без неопходни квалитетни ремонти;
  • ги уништија до крајни граници термо-инсталациите, горејќи неквалитетен увозен јаглен платен како да е злато;
  • систематски не се грижеа за механизацијата и свесно ги урнисаа рудниците преку хаотично копање надвор од рударските проекти;
  • ги оставија депониите празни, без јаглен;
  • неплански го исцицаа хидропотенцијалот, и го предадоа на само 6%;
  • систематски ја „полнеа“ Компанијата со партиски, нестручни кадри и ги деформираа систематизациите во сите сектори, подружници и ДООЕЛ-и за да вработат 680 лица во само 1 ден и да ги пријават сите на 31.12.2023 г.;
  • закупија LNG терминал и прекугранични капацитети преку кои не е можно да се донесе ни 1 KWh гас до државата и за кои ќе претрпиме најмалку 50 М ЕУР штета во наредните 15 год. за колку не врзале со штетни договори.
  • ниту 1 набавка не спроведоа без да ги надуваат цените за да ги наполнат џебовите.

СДСМ мора да престане со дрските и лажни обвинувања заради свои ситни дневни политички игри!

Не е точно дека:

 

  • планот на АД ЕСМ бил потфрлен за 35%.

Произведовме 11,7% помалку енергија но притоа го покривме целосно конзумот и денеска хидро-потенцијалот ни е на 50%;

  • РЕК Битола не работела повеќе од 7 дена.

После 5 дена натчовеки напори, ги надминавме проблемите предизвикани од саботажата и во моментов „возиме со 2 блока“;

  • РЕК Осломеј од 08.06. не бил вратен од мрежа.

ТЕ Осломеј го исклучивме дури на 24.06., бидејќи го вклучивме ТЕ Блок 3 Битола на мрежа;

  • Во рудникот Суводел се случила сериозна хаварија.

После вообичаен (сезонаски) настан, една од станиците од 0-тиот транспортен систем беше извлечена и целосно оспособена после само 3 дена откако беше повлечена од свлечилиште;

  • Имало партиски вработувања во ТЕЦ Осломеј.

Ниту едно лице од фабрикуваните списоци, не е вработено во Комбинатот или во било која друга подружница на Компанијата;

  • Во првата година сме увезле повеќе ел. енергија во однос претходните 3 год. заедно.

Увезени се 1.023.750 MWh во 12-те последни месеци за разлика од дури 2.194.334 MWh за период од претходните 3 год.

 За тешко поправливата штета што кадрите на СДСМ и ја нанесоа на Компанијата и на на Државата, СДСМ мора конечно да им се извини и да бара прошка од граѓаните, велат од АД.ЕСМ.