Денеска имав чест да земам учество на бизнис форумот со интересна тема „Деловни можности и инвестиции“ со посебен фокус на секторите инфраструктура, енергетска транзиција и циркуларна економија и технолошки иновации и индустрија 5.0, во организација на Амбасадата на Република Италија во Скопје и на Италијанската Aгенција за Tрговија (ИТА), објави Коце Трајановски, Директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Во Македонија, инфраструктурниот сектор е еден од клучните двигатели за економски раст и привлекување на странски и домашни инвестиции. Во таа насока, на инфраструктурата се гледа како на приоритетен сектор, а Владата активно работи на создавање на поволен деловен амбиент.

-Во моето обраќање потенцирав дека изградбата и модернизацијата на патната инфраструктура во Македонија е во полн замав и дека и покрај тоа што ги завршивме отпочнатите проекти во делот на експресните патишта со забрзано темпо работиме и на сите останатите проекти предвидени во Годишната програма за 2025 година. Тоа ни е многу важно, бидејќи цениме дека нашата стратешка предност е тоа што сме природна раскрсница на два многу значајни коридори, тоа се коридорот 8 и коридорот 10. Затоа потребни ни се модерни патишта, брзи железници, подобрени јавни услуги и дигитална поврзаност. Тоа е многу важно затоа што имам чувство дека во минатото многу малку се внимавало во изградбата на инфраструктурата и на нејзиното одржување што не става во редот на не многу добро патно поврзани со регионите околу нас, потенцира Трајановски во објавата.