Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите.
„Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква било ескалација на тензиите. Силно ги осудуваме сите акти на омраза и насилство. Правото на мирни протести, слободата на собирање и слободата на изразување мора да се зачуваат“, објави Делегацијата на ЕУ во Србија на платформата X.
„Полициските акции мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила“.
Делегацијата на ЕУ наведува дека „секоја мерка на лишување од слобода или кривична санкција мора да се заснова на основано сомнение дека е сторено кривично дело и мора да биде оправдана и пропорционална“.
МИА