Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во посета на општина Бутел на средби со граѓани.

-Можам да слушнам и многу позитивни коментари и навистина е една убава синергија каде што помеѓу граѓаните се сплотуваат сите за поддршка на Дарко Костовски за старо-нов градоначалник на Општина Бутел.

Навистина чест ми е повторно да дојдам тука. Луѓето разговараат и зборуваат постојано дека се изградени преку 200 улици тука во Бутел, дека има неколку нови градинки, дека се преку 20 спортско-рекреативни центри, изградени игралишта на секоја страна. Навистина за поздрав.

Не очекуваат еве нови избори, во пресрет на изборите да се видиме и со луѓето што се кандидати за советници, да разговараме директно со граѓаните, разговараме на темите што се важни од централно ниво, да зборуваме за проектите каде што ги има насекаде. Но конкретно тука, во Бутел, навистина драго ми е што масовно сите имаат поддршка кон Дарко, и Дарко ќе победи убедливо.

Но, почнуваме на терен да се среќаваме со граѓаните, разговараме на сите теми и мене ми е навистина задоволство и во минатото како носител, да бидам тука во една друга позиција, но еве исто така и се разбира да продолжиме да разговараме.

Во минатото многу пати зборувавме што ќе се изгради, а сега може да видиме проекти на дело, може да видиме еве тука пред нас еден преубав проект, што многу го ветуваа, а Дарко го направи целосно. Еден поттик каде што поред оваа река направи една многу убава пешачка патека по река Серава, културно уредена, осветлена и продолжува да ја надградува, тоа е само на едно населено место. Следат многу игралишта, гледате насекаде дека постојано се гради, секоја чест за Дарко. Дарко од Бутел, градоначалник, еден од подобрите градоначалници во целата држава и очекувам најдобар резултат тука и ќе почне победата во Бутел, истакна Мисајловски.