Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Рашела Мизрахи објави статус на својот фејсбук профил во кој потенцира дека она што не е ново на бугарскиот репертоар е територијалната претензија кон Македонија.

Во продолжение интергално објавата на паратеничката Мизрахи:

„Барања за извинувања за искажана вистина е ново на бугарскиот репертоар на играме политика со соседите. Она што не е ново е територијалната претензија кон Македонија.

За оние од соседството кој го бараат моето внимание ….

“Депутатката” Мизрахи нит е глува, нит е слепа, а богами не е ни изненадена. Децениските обиди за негирање на историското минато на Македонија и Македонците од страна политичките елити во соседна Бугарија и нивните добро познати платеници, секогаш се препнува на Холокаустот на македонските Евреи. Не сакајќи да ги признаат ИСТОРИСКИОТ ФАКТ за нивното учество на погрешната страна во текот на Втората светска војна, погромот кој го направиле на македонското еврејство, и навредата која денес ја прават со фактот дека немаат ниту храброст ниту доблест да се извинат.

Не комшии, не сте биле администратори туку окупатори, не сте ниту најмалку за почит кога вашиот “европосланик” отпоздравува со фашистички симболизам во европскиот парламент. И не, не е знак на добрососедство ниту добра намера кога отворате клубови на фашисти во Македонија па доаѓате да испарадирате пред нив.

Конечно, НЕ, НЕМА НИКОГАШ ДА ЗАБОРАВИМЕ!!!“, објави Мизрахи на својот фејсбик профил.