Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес во Париз, имаше посебна чест да се обрати во Националното Собрание на Француската Република по повод 50-та јубилејна сесија на Парламентарното Собрание на Франкофонијата.

-Македонија има силна и долготрајна врска со франкофонијата, изразена преку своето активно членство во Меѓународната организација на франкофонијата (OIF) од 2006 година. Оваа врска претставува мост меѓу Македонија и франкофонскиот свет, поттикнувајќи соработка, дијалог и културна размена, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.