Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва присуствуваше на свечениот прием по повод 14 Јули, Национален ден на Француската Република.
Приемот беше можност да ја потврдам македонската решеност за продлабочување на билатералните односи и унапредување на соработката во економијата, културата и образованието, истакана Претседателката.
-Честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот народ! Нека Петтата Француска Република продолжи да биде пример за демократија што опстојува и инспирира, објави Сиљановска Давкова.