Денес на барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди над 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски за големата поддршка за овој значаен проект.

-Благодарност и до жителите на селата Љубанци и Љуботен кои ни даваат голема поддршка и ја видоа нашата искрена заложба за овој проект конечно да се реализира. Општина Бутел во изминатиот период работеше на комплетна проектна документација за која издвои над 4.000.000 денари, истакнува Костовски.