Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека пет авиони се соборени за време на четиридневниот индиско-пакистански конфликт што започна на 7 мај, по нападот на исламистичките милитанти во индискиот дел на Кашмир.
„Всушност, авионите беа соборени од воздух. Пет, пет, четири или пет, но мислам дека пет авиони всушност беа соборени“, рече Трамп на вечера со неколку американски конгресмени во Белата куќа.
Тој не даде дополнителни детали за кои авиони станува збор.
Пакистан соопшти дека соборил шест индиски авиони откако вторите извршиле смртоносни напади во Пенџаб и Азад Кашмир, додека Њу Делхи тврдеше дека соборил „неколку авиони“.
Фото: МИА архива