Премиерот Христијан Мицкоски преку видео објава на својот фејсбук профил информира дека на потегот од Климештани до Охрид интензивно се работи. Вклучени се околу 1 100 -1 200 работници со над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери.

Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.

-Во овие осум месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените, истакнува премиерот.

Истата објава на ФБ ја сподели и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.

Видеото може да го отворите ТУКА.

фото: МИА