Француската полиција ќе користи дополнитени мерки за обезбедување на јавни места во државата во текот на новогодишните празници поради зголемени закани од терористички напади и нови протести на „Жолтите елеци“.
Околу Елисејските полиња во Париз ќе биде поставен кордон за да се обезбедат трговски центри, јавни простори и транспортната мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на новогодишната ноќ ќе бидат ангажирани 148.000 полицајци и војници.
– Прославата на Новата 2019 година се случува во време на високи терористички закани и ненајавени протести на јавни места, соопшти МВР на Франција.
„Жолтите елеци“ најавија протести денеска навечер кога претседателот Макрон ќе и се обрати на јавноста.