Синоќа 24/25.07.2025 во СВР Скопје З.Н. од Скопје пријави дека додека се движел на патеката кон Средно Водно во Скопје забележал дрвен отпад од мебел собран на едно место, подготвен за потпалување.

Веднаш кон местото се упатени полициски службеници од ПС Центар, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.

Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 24.7.2025 година, во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 27 лица, а по преземени мерки поднесени се 19 кривични пријави.

-Воедно известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 22.07.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 18 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми. Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите, велат од МВР.