Пожари беснеат низ целата територија на Албанија, но најкритично е ситуацијата на југот на земјата, кај Делвина.
Пожарот гори со денови, и во него изгореа 21 куќа и црква, а поради силниот ветер се проширил кон други населени места поради што евакуирани се жителите на три села.
-Операцијата продолжува со сите структури, потпомогнати од 60 пожарникари и четири противпожарни возила на вооружените сили, како и армиски хеликоптери на Унгарија. За време на гаснењето, началникот на полициската станица Делвина, Агим Троци, од пламените јазици спаси дете и повозрасна жена, при што се здоби со изгореници и е хоспитализиран а 5 лица страдаа од задушување, објавија медиумите.
Во просек дневно се регистрираат по 25 пожари, од кои се изгорени над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шума.
Во текот на последните 24 часа се регистрирани 29 пожари, од кои 13 се сè уште активни, а 6 се под надзор.