Русија официјално упати протест до Израел поради наводниот напад врз руско дипломатско возило во близина на еврејската населба Гиват Асаф на Западниот Брег во близина на Ерусалим, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

-На 30 јули, возило на дипломатската мисија на Руската Федерација во Палестинската самоуправа со дипломатски регистарски таблички и кое превезуваше вработени на руската мисија акредитирани од израелското Министерство за надворешни работи беше нападнато од група доселеници во близина на нелегалната израелска населба Гиват Асаф, во близина на Ерусалим, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нападот е извршен „со премолчена согласност на израелскиот воен персонал кој бил присутен на местото на настанот и не се обидел да ги спречи агресивните дејствија на напаѓачите“, рече таа.

Захарова, исто така, рече дека руската амбасада во Тел Авив испратила официјален демарш до израелските власти.

фото: МИА архива