Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово каде што е зафатена ниска вегетација и лозови насади, а изгаснат е пожарот во село Цер, Кичевско, каде што е опожарена ниска вегетација.