САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во интервју за „Фокс њуз“.

-Претседателот Доналд Трамп сака да ги исцрпи сите опции за постигнување мирен крај на војната кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска , рече таа, пренесена од британските медиуми.

Левит рече дека Путин и Трамп во Енкориџ ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Кремљ истиот редослед на настаните го најави порано денеска.