Злоупотребите на финансиските средства во време на власт на СДС, за партиски потреби, сè се поевидентни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го објавуваме во целост:

Изминатиот период излезе на површина како во време на Зоран Заев и Лидија Димова, европските пари на Агенцијата Еразмус+ завршувале кај лица блиски до СДС, и тоа за сомнителни проекти кои немаат никаква врска со образованието и едукација на младите.

Во истиот овој период и фризерница доби пари од Еразмус+, и тоа за медиумска писменост. За овој проект Заев и Димова на фризерскиот салон му доделиле над 270 илјади евра, во период од три години.

Станува збор за фризерско студио со само две столчиња, на кое Заев и Димова во период од неколку години му доделиле неповратни средства, односно грантови, во вредност од над 270 илјади евра.

И овде, како и кај до сега објавените случи на доделени грантови од Еразмус+, сопственикот на фризерницата е поранешен граѓански и партиски активист на СДС“, потенцираат од партијата.

И додаваат дека за овој случај како и за другите вакви проневери на финансиски средства за задоволување на партиските потреби, каде парите завршуваа кај лица блиски до СДС, и во тој период имаше многу реакции во јавноста.

„Но, иако судии, професори, партиски членови и лица блиски до СДС се наполнија со пари за проекти вредни стотици илјади евра, одговорност немаше. Обвинителството и тогаш и сега молчи и ништо не презема за да ги испита сериозните индиции за сторен криминал и корупција.

Затоа повикуваме, нивните судии и обвинители да престанат да ги штитат, туку да ги истражат наводите за злоупотреба на финансиските средства за партиски цели.

Одговорност мора да има, а моменталната паника и страв во СДС е токму поради тоа што на виделина излегува нивното корупциско и криминално владеење во Агенцијата Еразмус+, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.