Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ситуацијата во Појасот Газа ја опиша како „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“ “.
Неговата изјава уследи по објавувањето на извештајот на Меѓународниот систем за безбедност на храната (ИПЦ), во кој првпат официјално е прогласен глад во делови од палестинската енклава.
Гутереш на платформата Икс објави дека условите во Појасот Газа наликуваат на „живот во пеколот“.
Тој наведе и дека окупаторот, според меѓународното право, има обврска да гарантира снабдување со храна и лекови.
– Не можеме да дозволиме ова ситуација да продолжи неказнето, посочи Гутереш.
МИА