ФБИ изврши претрес во домот на Џон Болтон во Мериленд, кој беше советник за национална безбедност во првата администрација на претседателот Доналд Трамп, но оттогаш стана негов критичар. Претресот е дел од истрагата за неговото ракување со класифицирани документи, според извор запознаен со прашањето.
Дотичниот извор не бил овластен јавно да зборува за истрагата и се согласил да ги достави информациите под услов на анонимност за Асошиејтед Прес.
Немаше веднаш одговор од Болтон или Белата куќа. Адвокатот кој претходно го застапуваше Болтон не одговори веднаш на барањата за коментар.