Заврши проектот за рехабилитација на повредените во дискотеката Пулс, на Пониква. Во изминатите неполни три месеци во одмаралиштето на МВР околу 150 млади луѓе добија интензивна медицинска, психолошка и физикална поддршка.

На Пониква, заминаа во три групи, а во двонеделната рехабилитација беа под надзор на лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје и физиотерапевти од Кочани и Штип. Медицинскиот тим кој работеше со повредените е задоволен од постигнатите резултати, бидејќи како што велат во целиот процес пациентите, го дале максимумот од себе.

„Добивме максимум од секој пациент. Имаме добри резултати, кај дел од пациентите кои се полесно повредени функциите се враќаат во нормала, тие што имат посериозни повреди кај нив процесот на заздравуваање е побавен. Меѓутоа, најважно од се е што процесот на рехабилитација кај сите пациенти оди во нагорна линија“, изјави д-р Никола Костадиновски, специјалист физијатар во Клиничка болница, Штип, пренесе Алфа.

Процесот на рехабилитација, не завршува со проектот Пониква, со лекување и интензивни физикални вежби ќе се продолжи во штипската и кочанска болница. Персоналот кој работи со повредените претходно помина и шестнеделна обука со англиската Организација за ургентна медицина интернационален тим кој е единствен и сертифициран на светско ниво за обезбедување тренинг за рехабилитација на пациенти со тешки изгореници

„Сега продолжуваме со рехабилитација во Општа болница во Кочани и во Клиничка болница, Штип. Моментално во Штип, имааме шестмина пациенти, но со затвараање на Пониква, се очекува бројот да се зголеми, додека во болницата во Кочани, бројот на пациенти ќе биде многу поголем“, рече д-р Костадиновски.

Одмаралиштето на МВР, да стане центар за рехабилитација беше поддржан од Владата, која обезбеди бесплатен третман за сите повредени. Претходно одмаралиштето беше преадаптирано според потребите на повредените, а дополнително во соработка со специјалисти беа спроведени и ПРП терапии.

Прилогот на Алфа погледнете го во профолжение